• вторник, 26 ноември 2024

Турција повеќе пати нападнала позиции на ПКК во Сирија и Ирак

Турција повеќе пати нападнала позиции на ПКК во Сирија и Ирак

Aнкара, 26 ноември 2024 (МИА) - Турските сили нападнаа позиции на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во Сирија и Ирак, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Турција вчера и денеска изврши повеќе напади врз позициите на ПКК во северен Ирак и врз курдската милиција ЈПГ во северна Сирија, која Анкара ја смета за сојузник на ПКК, се вели во соопштението на Министерството објавено на Икс.

Сириските курдски борци вчера нападнаа база на милицијата на турските сојузници во северна Сирија, Сириската опсерваторија за човекови права, британска организација со седиште во Ковентри, Англија, основана во 2006 година, која има за цел да собира и документира кршење на човековите права во Сирија.

Турска државна новинска агенција објави за „инвазија“ на базата на сојузничката група, при што загинаа 11 лица. Со поддршка на лојалистички групи, Турција контролира делови од земјата на северот на Сирија, а од 2016 година изврши неколку упади во тие области.

Опсерваторијата објави дека седум членови на протурската милиција биле убиени вчера, а 12 биле ранети во нападот. Групата извести и за цивилни жртви, меѓу кои и две деца.

Размената на оган во таа област продолжи и денеска, јави ДПА повикувајќи се на сигурни извори. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан