• сабота, 23 ноември 2024

Трамп и неговата компанија прогласени за виновни за измама

Трамп и неговата компанија прогласени за виновни за измама

Вашингтон, 27 септември 2023 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна фирма се прогласени за виновни за измама во граѓанска тужба поднесена од државната обвинителка Летиција Џејмс, која го обвини дека незаконски тврдел дека има поголем имот и нето вредност.

Одлуката ја донесе судијата Артур Енгорон од државниот суд во Њујорк на Менхетен, објави Гласот на Америка.

Џејмс го тужеше Трамп во септември 2022 година, обвинувајќи го него и фирмата дека цела деценија лажеле за вредноста на нивните средства и нето вредноста на 45-тиот американски претседател со цел да добијат подобри услови за банкарски заеми и осигурување.

Таа рече дека Трамп го зголемил сопственото нето богатство за дури 2,23 милијарди долари, а за една мерка дури 3,6 милијарди долари, на годишните финансиски извештаи дадени на банките и осигурителните компании.

Јавната обвинителка рече дека имотот чија вредност е „надуена“ го вклучува имотот на Трамп Мар-а-Лаго на Флорида, неговиот стан во поткровје на Менхетен и разни деловни згради и терени за голф. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан