• сабота, 23 ноември 2024

Бајден се сретна со израелскиот претседател Херцог

Бајден се сретна со израелскиот претседател Херцог

Вашингтон, 12 ноември 2024 (МИА) - Aмериканскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа се сретна со израелскиот претседател Исак Херцог. Двајцата лидери се осврнаа на конфликтот со Либан, хуманитарната ситуација во Газа и заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

Средбата, која Херцог ја нарече „многу продуктивна“, траеше околу еден час. Херцог им рече на новинарите потоа дека администрацијата на Бајден е посветена да направи се што може за да помогне околу безбедноста на Израел пред 20 јануари, кога ќе заврши претседателствувањето на Бајден.

„Претседателот Бајден беше многу љубезен, многу отворен, многу пријателски настроен и имавме отворена и искрена дискусија. И најважното нешто од оваа дискусија е, се разбира, посветеноста на претседателот Бајден и администрацијата да работат до 20 јануари, до последен момент, за да се постигнат цели кои се толку важни за мирот и стабилноста, и главно, безбедноста и безбедноста на државата Израел на Блискиот Исток“, им рече Херцог на новинарите.

Херцог изрази жалење поради смртта на двајца Израелци кои загинаа во израелскиот град Нахарија од ракети истрелани од Либан и го опиша Иран како „империја на злото“.

„Прво и основно мораме да ги вратиме заложниците“, рече Херцог.

Во обраќање до израелскиот претседател, Бајден беше краток - го нарече близок пријател и ја повтори својата „челична посветеност на државата Израел“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан