• сабота, 23 ноември 2024

Ќе се зголемат платите на 3,9 милиони индустриски работници во Германија

Ќе се зголемат платите на 3,9 милиони индустриски работници во Германија

Хамбург, 12 ноември 2024 (МИА) - Во Германија 3,9 милиони луѓе вработени во металуршката и електротехничката индустрија ќе добијат зголемување на платите во следните две години, јави ДПА.

Претставниците на влијателниот германски синдикат „ИГ Метал“ и организациите на работодавачи постигнаа договор за зголемување на платите за 5,1 отсто. Тоа се планира да се направи во две фази. Во април 2025 година ќе бидат зголемени за 3 отсто, а од април 2026 година ќе бидат зголемени за дополнителни 3,1 отсто.

Според новиот колективен договор за труд, кој ќе биде во сила до октомври 2026 година, работниците ќе добијат еднократен бонус од 600 евра. Ќе им се плаќа до февруари 2025 година. Практикантите во компаниите од металуршката и електротехничката индустрија ќе бидат платени по 140 евра месечно.

Предвидено е компаниите кои се соочуваат со тешкотии во овој тежок период за германската економија да имаат право да прекинат или откажат дел од договорените исплати на вработените.

Договорот е постигнат по 18 часа преговори во Хамбург меѓу синдикатите и работодавачите, јави ДПА. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан