• среда, 04 декември 2024

Студентите кои проитестираат во Србија добија поддршка и од Мрежата на академска солидарност и ангажман

Студентите кои проитестираат во Србија добија поддршка и од Мрежата на академска солидарност и ангажман

Белград, 4 декември 2024 (МИА) - Мрежата на академска солидарност и ангажман (МАСА) во Србија ги поддржа денеска студентските протести во државата и побараа приведените  студенти и сите невини граѓани да бидат ослободени, а партиските провокатори кои ги нарушуваат граѓанските протести да бидат казнети.

‎Студентите на Универзитетот во Нови Сад и на Универзитетот во Белград, од Филозофскиот, Филолошкиот, Архитектонскиот, Математичкиот и Хемискиот факултет, заедно со студентите на Факултетот за драмски уметности и Факултетот за политички науки, се обидуваат да го зачуваат граѓанските права на нивните колеги со блокирање на нивните институции, тенденциозно и неправедно уапсените од полицијата и судството, а се толерира инструираното дивеење на насилниците, соопшти МАСА, пренесе Бета.

МАСА ги поддржува и сите други студенти од факултетите во Србија и ги повикува да ја покажат својата слободарска и благородна свест и „колегијално да го поддржат пламенот на студентскиот отпор, пламенот што неуморно се шири и покрај наместените студентски избори за Студентски парламенти“.

„Борба против корупцијата, за образование“, е пораката на транспарентот закачен на влезот на зградата на Филолошкиот факултет во Белград. Веднаш до него е уште еден со најава - „Студентите во блокада“. Освен за студенти и вработени, факултетот е затворен и за други граѓани, јавија српските медиуми.

Студентите на Филолошкиот факултет од 2 декември ја блокираа работата на таа високообразовна институција, барајќи од надлежните, меѓу другото, кривично гонење на одговорните за смртта на 15-те лица кои загинаа при пад на бетонска настрешница од Железничката станица во Нови Сад. Истиот ден почнаа блокадите на Филозофскиот, Хемискиот, Ректоратот на Универзитетот во Белград и блокадата на Филозофскиот факултет во Нови Сад.
Ден подоцна, на 3 декември, кон блокадите се приклучија и Факултетот за политички науки, Архитектонскиот факултет, како и сите останати факултети во зградата на поранешниот ПМФ во главниот град на Србија. 
Студентите на ФДУ почнаа блокада на 25 ноември, барајќи од властите да ги санкционираат напаѓачите, како и да ги гонат одговорните за трагедијата во Нови Сад. Бараат и ослободување на граѓаните кои беа приведени на протестите кои следеа по уривањето на настрешницата и „повлекување на неоснованите пријави“ против нив. Студентите бараат и зголемување на средствата за државните факултети за 20 отсто.

Со истите барања им се приклучија и други факултети. зш/

Остани поврзан