• четврток, 05 декември 2024

Сиера Леоне ќе вакцинира 20.000 здравствени работници против ебола

Сиера Леоне ќе вакцинира 20.000 здравствени работници против ебола

Најроби, 4 декември 2024 (МИА) - Сиера Леоне започнува со национална кампања за вакцинација на здравствените работници против ебола, десет години по сериозното избувнување на болеста во оваа западноафриканска земја, јави ДПА.

Вкупно 20.000 медицински работници треба да бидат имунизирани против ебола, според соопштението во кое се најавува почетокот на кампањата од утре.

Вакцини од фондот на алијансата за вакцинација Gavi ќе бидат дадени на лицата кои први доаѓаат во допир со заразени и кои се особено изложени на ризик пред дијагностицирањето на пациентот, како и на возачите на амбуланти и традиционалните лекари и советници, кои често се првите кои имаат контакт со болните и нивните роднини, се вели во соопштението.

Целта е подобро да се заштити здравствениот систем и неговите вработени од можноста за ново избувнување и да се ублажат ефектите од вирусот, се додава во документот

Министерот за здравство Остин Демби ја нарече кампањата како инвестиција во безбедноста на луѓето во земјата и поздрава Сиера Леоне.

Светската здравствена организација и Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) се партнери во кампањата за вакцинација.

Сиера Леоне се смета за првата земја која спроведува ваква мерка за подобра заштита на здравствените работници кои се на првата линија.

Пред десет години, таа беше една од трите западноафрикански земји кои најтешко беа погодени од избувнувањето на еболата, заедно со Гвинеја и Либерија.

Од околу 9.000 смртни случаи од ебола во светот, скоро 4.000 беа забележани во Сиера Леоне. Во тој период, седум проценти од здравствените работници во земјата починаа.

Во 2014 година не постоеше авторизирана вакцина против болеста.

Ебола, која се пренесува со вирус, предизвикува висока температура и хеморагија кај луѓето и често е смртоносна. ссм/

фото: архива

Остани поврзан