• вторник, 07 јануари 2025

Марин Ле Пен: Франција ќе има буџет за 2025 година дури и да падне владата на Барние

Марин Ле Пен: Франција ќе има буџет за 2025 година дури и да падне владата на Барние

Париз, 4 декември 2024 (МИА) - Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен денеска изјави дека нејзината партија ќе гласа за одобрување „специјален закон“ за да се спречи запирањето на работата на владата и да се обезбеди буџетот за 2025 година, доколку падне актуелниот кабинет на премиерот Мишел Барние по денешното гласање за недоверба, јавија британските медиуми.

Ле Пен, која претседава со парламентарна група на партијата Национален собор во француското Национално собрание (Долен дом на парламентот), ова го соопшти од говорницата за време на актуелната дебата во парламентот  за барањето гласање недоверба, што почна попладнево.

Француската социјалистичка партија,пак, ќе се однесува одговорно за да помогне да се најде нова влада по веројатното соборување на владата на премиерот Барние со гласањето недоверба, изјави претседателот на парламентарната група на социјалистите во Националното собрание, Борис Вало.

-Социјалистите ќе ја исполнат својата мисија, рече Вало пред гласањето што се очекува да ја собори владата на Барние, повикувајќи на широка коалиција од целиот политички спектар, но исклучувајќи ја екстремната десница.

Американските медиуми пренесуваат дека француското Национално собрание вечерва ќе расправа и ќе гласа за два предлога поднесени од левицата и екстремната десница.

Доколку предлозите добијат мнозинство гласови во Долниот дом на францускиот парламент, Барние ќе биде принуден да поднесе оставка, а владата ќе падне.

Вкупниот број на опозициски пратенички мандати овозможуват обезбедување неопходно апсолутно мнозинство од 289 гласови за соборување на владата, пренесуваат американските медиуми.

Владата на Барние е на власт помалку од три месеци.сд/

Остани поврзан