Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
- Израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, соопшти Стејт департментот, бидејќи се наближува крајниот рок што Вашингтон го постави за подобрување на хуманитарната ситуација во Појасот Газа.
Вашингтон, 11 ноември 2024 (МИА) - Израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, соопшти Стејт департментот, бидејќи се наближува крајниот рок што Вашингтон го постави за подобрување на хуманитарната ситуација во Појасот Газа.
Надежите за примирје во израелската војна во Газа претрпеа неуспех откако Катар се откажа од посредувањето во разговорите. Израел од своја страна денеска соопшти дека напредува во разговорите за прекин на огнот во војната во Либан.
Американската влада во писмо од 13 октомври соопшти дека Израел има 30 дена да преземе конкретни чекори за решавање на хуманитарната криза во Појасот Газа, каде што израелските сили водат 13-месечна војна со Хамас, во која е раселено речиси целото население на енклавата, има криза со храна, и која доведе до обвиненија за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата, што Израел ги негира.
По тоа писмо Блинкен го повика Израел значително да ја зголеми хуманитарната помош. Претходно овој месец, тој разговараше со Дермер и го разгледа дипломатско решение за Либан, како и за прекин на војната во Газа, соопшти Стејт департментот. рп/
Фото: МИА архива