• среда, 25 декември 2024

Медведев: Европските политичари сакаат ескалација на украинскиот конфликт по победата на Трамп

Медведев: Европските политичари сакаат ескалација на украинскиот конфликт по победата на Трамп

Москва, 12 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска ги обвини европските лидери дека бараат опасна ескалација на конфликтот во Украина по реизборот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Медведев, во моментов како висок безбедносен функционер, напиша на Телеграм дека европските политичари имаат намера „да го турнат конфликтот со Русија во неповратна фаза“ и предупреди дека на Киев не треба да му се дозволи да користи западни ракети со долг дострел за да погоди цели во Русија.

Медведев ги отфрли, како што ги нарече, „ултиматумите“ на германскиот опозициски лидер и можен следен канцелар Фридрих Мерц за употребата на оружје од Украина како реторика во кампањата.

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер вчера ја потврдија својата поддршка за Киев за време на разговорите во Париз, додека францускиот министер за надворешни работи ги повика украинските сојузници да не прејудицираат како Трамп ќе го реши конфликтот.

„Генерално кажано, изненадувачки е до кој степен сегашната генерација европски политичари сакаат да ја донесат војната на своја територија“, рече Медведев.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан