• сабота, 23 ноември 2024

ЕУ и Полска: Менувањето на границите со сила мора да биде табу

ЕУ и Полска: Менувањето на границите со сила мора да биде табу

Варшава, 12 ноември 2024 (МИА) - Високиот меѓународен претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел и шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски денеска во Варшава се согласија дека ЕУ мора да направи сè за да се врати „табуата за менување на границите со сила“ во Европа.

„Историјата се одвива во Украина, во нашиот дел од светот. Европа е одговорна за своите жители и идните генерации. Има обврска да вложи сите напори за постигнување праведен договор, да се почитуваат принципите на меѓународното право и да се врати табуто за менување на границите со сила“, изјави Сикорски по разговорот со Борел.

Борел, кој пристигна во Полска по посетата на Украина, изјави на заедничката прес-конференција дека на Украина ѝ е потребна помош во клучен момент и дека ова ќе биде тема на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ следниот понеделник во Брисел. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан