• вторник, 17 декември 2024

Српските земјоделци протестираат во повеќе градови барајќи промени и укинување на пасивниот статус

Српските земјоделци протестираат во повеќе градови барајќи промени и укинување на пасивниот статус

Белград, 13 декември 2024 (МИА) - Неколку здруженија на земјоделци во Србија денеска ќе протестираат во градовите во кои гравитираат, со барање да бидат сменети премиерот Милош Вучевиќ, ресорниот министер Александар Мартиновиќ и претседателот на собраниската Комисија за земјоделство Маријан Ристиќевиќ поради неисполнети барања од потпишаниот договор.

Меѓу барањата е и укинување на одлуките за ставање на земјоделските стопанства на политички неистомисленици во пасивен статус, со што ќе се изгуби правото на субвенции.

Протестите ќе започнат околу пладне во знак на оддавање почит на загинатите на железничката станица во Нови Сад и во рамки на граѓанскиот протест „Стоп Србија“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан