• четврток, 03 октомври 2024

Србија втор полуфиналист на олимпискиот турнир во кошарка

Србија втор полуфиналист на олимпискиот турнир во кошарка

 

Париз, 5 август 2024 (МИА) – Кошаркарите на Србија се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри, откако попладнево во неизвесен натпревар ја совладаа Австралија по продолжение со 95-90.

Никола Јокиќ со 21 поени беше најефикасен во српските редови, а Богдан Богдановиќ уфрли 17 кошеви во победата на Србија, која во полуфиналето ќе игра против победникот од вечерашниот четвртфинален дуел меѓу САД и Бразил.

Србија со триумфот над Австралија ѝ се приклучи во полуфиналето на актуелниот светски првак Германија, која претходно денеска ја совлада Грција со 76-63.

Противник на Германија во полуфиналето ќе биде поуспешната репрезентација од пресметката меѓу Франција и Канада. ег ФОТО: КСС

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан