• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Евролига: Планот за формирање НБА во Европа закана за европската кошарка

Евролига: Планот за формирање НБА во Европа закана за европската кошарка


Минхен, 8 април 2025 (МИА) – Евролигата го оцени денеска како „закана“ за европската кошарка планот на НБА да го истражи формирањето конкурентска лига во Европа, во партнерство со Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), истовремено нагласувајќи ја „нејзината отвореност за дијалог“.
„Ваквите проекти би ризикувале да го фрагментираат спортот и да создадат конфузија“, соопшти Евролига Комершл Асетс (Euroleague Commercial Assets ECA), приватната компанија која го организира најголемото европско кошаркарско натпреварување, по состанокот на нејзиното раководно тело.
Реакцијата доаѓа по најавите дека НБА размислува да почне европска лига во партнерски однос со ФИБА како партнер.
Оваа идеја ја навести минатата недела комесарот на НБА лигата Адам Силвер, со фокус на формат од 16 тимови составен од 12 постојани клубови и четири квалификанти. ег
ФОТО: Икс

 

Остани поврзан