• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трет пораз на македонските фудбалерки во Лигата на нации

Трет пораз на македонските фудбалерки во Лигата на нации

 

Приштина, 8 април 2025 (МИА) – Женската сениорска фудбалска репрезентација на Македонија ја продолжи серијата порази во Ц дивизијата во Лигата на нации, откако загуби попладнево со убедливи 3:0 од Косово на гостински терен.

Македонските фудбалерки на гостувањето во Приштина го претрпеа вториот пораз од Косово во групата Ц6 по поразот од 4-0 на крајот на февруари во Скопје.

Головите на денешниот натпревар беа постигнати во второто полувреме. Бичкај беше двоен стрелец (50 и 60 минута), а конечниот резултат го постави Мемети во 85. минута.

Во завршното четврто коло Македонија на 30 мај во Рига ѝ гостуваат на Летонија. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан