Медиуми: Гвардиола го сака Вирц за наследник на Де Брујне
- Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола донел одлука 21-годишниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, да биде наследник на Белгиецот Кевин Де Брујне, објавија денеска британските медиуми.

Лондон, 8 април 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола донел одлука 21-годишниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, да биде наследник на Белгиецот Кевин Де Брујне, објавија денеска британските медиуми.
Германскиот репрезентативец оваа сезона во дресот на актуелниот шампион во Бундеслигата постигна 15 голови и додаде 13 асистенции, а за Гвардиола е идеален кандидат за нов „командант“ на средниот ред на Сити.
Според медиумите, можен проблем е што договорот на Вирц со Леверкузен истекува во јуни 2027 година, но Сити е подготвен по секоја цена да го ангажира и во таков случај е подготвен да го урне сопствениот трансфер рекорд од 117 милиони евра колку што плати да го донесе во своите редови Џек Грилиш од Астон Вила во август 2021 година.
Виртц во Баер заработува 4.5 милиони евра годишно, а Сити покрај високата отштета е подготвен да понуди и повеќекратно поголема плата за германскиот репрезентативец. ег
ФОТО: ЕПА