• понеделник, 18 ноември 2024

Со изложба на рачни изработки во Струга ќе се одбележи Светскиот ден на занаетчиството

Со изложба на рачни изработки во Струга ќе се одбележи Светскиот ден на занаетчиството

Струга, 15 октомври 2024 (МИА) - Со изложба на рачни изработки и работилница за накит денеска во Струга ќе биде одбележан Светскиот ден на занаетчиството - 15 Октомври, во организација на националното здружение „Пинкокрафтс“, а во соработка со Националната установа музеј „Др. Никола Незлобински“.

Сара Матоска од „Пинокрафтс“ за МИА информира дека седуммина изложувачи ќе ги претстават своите ракотворби и во живо ќе презентираат како ги изработуваат своите дела.

- Учество ќе заземат ракотворци од Струга и Охрид, кои ќе се претстават со свои дела и изработки, а секој посетител ќе може одблиску да се запознае со процесот на изработка, изјави Матоска.

Покрај Матоска со своите изработки од волна и филигран, на изложбата ќе учествуваат Biljana’s handmade jewelry со сутаж накит, Dijana handmade jewelry со накит од монистра, Elle’s accessories со плетени изработки, Copper art со слики од бакар, Копаничарска работилница Житие со дрворез и Александар Менкиноски ќе се претстави со свои авторски фотографии.

Изложбата ќе се одржи во спомен домот на браќата Миладиновци во Струга. сс/вј/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан