• среда, 25 декември 2024

Признанија за македонските филателисти на 20. БАЛКАНФИЛА во Солун

Признанија за македонските филателисти  на 20. БАЛКАНФИЛА во Солун

Скопје, 17 ноември 2024 (МИА) - Во организација на Грчката филателистичката федерација, во Солун се одржа меѓународната филателистичка изложба XX БАЛКАНФИЛА, на која учествува филателистичките организации од дваесетина држави, од сите балкански земји, меѓу нив и претставници од Сојузот на филателистите на Македонија (СФМ), како и гости од други региони.

Во просториите на Меѓународниот саем во Солун посетителите имаа можност да се запознаат со колекциите на повеќе од 300 филателисти, изложени во над 2000 витрини.

-Сојузот на филателисти на Македонија на оваа изложба беше претставен со збирки и материјали на седум свои членови. Меѓународното жири додели највисоки оценки за збирката на Дончо Георгиев под наслов „Мојата убава земја“ и со 86 бода се закити со златен медал. Публикацијата „Сто години историја на Велес на поштенски картички“ на Виктор Габер и Зоран Стрезоски беше оценета со 85 бода и освои позлатен медал. Висока оценка доби и комесарот на нашата делегација Станко Зафиров за збирката „Парните локомотиви на Балканот“.

-Во рамките на оваа балканска манифестација беше одржана и Тркалезна маса на тема „Да инвестираме за иднината“. Свое обраќање под наслов „Добрите и лошите обичаи“ имаше секретарот на Сојузот, Виктор Габер, кој ги претстави етапите во развојот на филателиjа во нашата земја и стекнатите искуства, стои во соопштението од Сојузот на филателистите на Македонија. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан