• недела, 24 ноември 2024

Сочувство од премиерот Ковачевски по повод смртта на Илинка Митрева

Сочувство од премиерот Ковачевски по повод смртта на Илинка Митрева
Скопје, 1 август 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска изрази сочувство по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. - Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на една од најуспешните жени во македонската историја, Илинка Митревa. Искрено сочувство до нејзиното семејство, напиша премиерот на својот фејсбук-профил. Делото и придонесот на Митрева во креирањето на македонската државност, нагласува премиерот Ковачевски, останува трајно богатство за државата и македонската дипломатија, но и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон земјата и кон граѓаните. сст/сп/

Остани поврзан