Општина Сарај: Сарај постигнува значителен напредок во транспарентноста со поддршка од УСАИД
- СООПШТЕНИЕ - Со поддршка од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Општина Сарај значително ги подобри своите капацитети за транспарентност и отчетност.
Скопје, 24 ноември 2024
Со поддршка од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Општина Сарај значително ги подобри своите капацитети за транспарентност и отчетност.
Фискална транспарентност: Достапноста и отвореноста на буџетските документи бележи значителен пораст, при што индексот на фискална транспарентност скокна од 2 (2022/2023) на 8 (2024) на скала со максимум 16 индексни поени.
Даночна транспарентност: Процентот на даночна транспарентност се зголеми од 8% во 2023 на 33% во 2024.
Иако овие резултати се за пофалба, општината е свесна дека има уште простор за подобрување. Сарај останува посветен на постојано унапредување на транспарентноста, овозможувајќи уште поголема отчетност и доверба кај граѓаните.
Општина Сарај
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: Општина Сарај