• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година

Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година

Лондон, 25 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо е прогласен за најплатен спортист за 2024 година од страна на „Sky Sports“.

Според изворот, Португалецот лани заработил 248 милиони евра. 

На второто место е кошаркарот Голден Стејт вориорс, Стеф Кари со 146 милиони евра. 

Боксерот Тајсон Фјури ја заокружи првата тројка со 140 милиони евра.

Во Топ 5 се уште и фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој заработи 129 милиони евра, како и кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс (127 милиони евра).

Оваа сезона Роналдо на 28 натпревари постигна 24 гола и четири асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан