Верстапен ги сподели своите размислувања за Мекларен пред Кинеското ГП
- Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го сподели своето мислење за конкурентскиот тим Мекларен.

Шангај, 20 март 2025 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го сподели своето мислење за конкурентскиот тим Мекларен.
- Имам голема почит за работата што ја направи Мекларен. Респект за нивниот резултат минатата сезона. Имаат навистина брз болид, изјави Холанѓанецот за „FormulaPassion“.
Во воведната трка од новата сезона, на Големата награда на Австралија, Верстапен заврши втор. Победата ја освои возачот на Мекларен, Ландо Норис.
Втората етапа од Формула 1 2025 година ќе се одржи од утре до 23 март на патеката во Шангај, Кина. зс/
Фото: ЕПА