Винисиус во судиското продолжение му донесе победа на Бразил

Бразилија, 21 март 2025 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Бразил направи голем чекор кон пласман на Мундијалот кој ќе се игра во САД, Мексико и Канада, совладувајќи ја синоќа на домашен терен Колумбија со 2-1 (1-1) во 13. коло од јужноамериканската квалификациска зона за СП 2026 година.
Бразил дојде до победа во драматичен финиш со голот на Винисиус (90+9) во деветтата минута од судиското надополнување.
Во првото полувреме Бразил поведе преку Рафиња од пенал (6 минута), а израмни Дијаз (41).
Со оваа победа Бразил се искачи на второто место на табелата со 21 бодови, четири помалку од водечката Аргентина и еден повеќе од третопласираниот Уругвај и четвртопласираниот Парагвај.
Шесте првопласирани селекции од Јужна Америка на крајот од квалификациите ќе се пласираат на Светското првенство, додека седмопласираната ќе игра плејоф. ег
ФОТО: Фејсбук