Гарсија со пораз дебитираше на клупата на Белгија
- Руди Гарсија со пораз дебитираше синоќа на клупата на фудбалската репрезентација на Белгија, откако неговиот тим загуби со 1-3 од Украина во плејофот од Лигата на нации.

Мурсија, 21 март 2025 (МИА) – Руди Гарсија со пораз дебитираше синоќа на клупата на фудбалската репрезентација на Белгија, откако неговиот тим загуби со 1-3 од Украина во плејофот од Лигата на нации.
Белгија на дуелот на неутрален терен во Мурсија дојде во водство пред крајот на првото полувреме, по што во вториот дел уследи целосен резултатски пресврт на Украина, која со два гола предност ќе патува на реваншот в недела во Генк.
„Ќе го анализираме натпреварот, но нема сомнеж дека треба да се подобриме во одбраната. В недела ќе видиме дали сме одличен тим. Имаме уште многу работа, вклучително и психолошки“, изјави Гарсија по натпреварот.
Гарсија во јануари седна на клупата на Белгија, која е во иста група со Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. ег
ФОТО: Фејсбук