• недела, 01 септември 2024

Силекс ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите

Силекс ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите
Баку, 18 август 2020 (МИА) - Македонскиот фудбалски клуб Силекс ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите уште во првото коло, откако доживеа пораз од 4-0 (2-0) на гостувањето кај Карабак во Баку, Азербејџан. Стрелци за домаќините беа Ромеро (11), Гуерер (40 и 51) и Емрели (80). По поразот, Силекс ќе игра во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Карабах во второто квалификациско коло ќе игра против подобриот од Шериф Тираспол и Фола Еш од Луксембург.

Тагови

Остани поврзан