• недела, 06 октомври 2024

СЗО апелира јужните болници во Газа да бидат поштедени

СЗО апелира јужните болници во Газа да бидат поштедени

Женева, 12 декември 2023 (МИА) - Светската здравствена организација вели дека само 11, или помалку од една третина, од болниците во Газа остануваат делумно функционални и побара тие да останат недопрени.

-За само 66 дена здравствениот систем премина од 36 функционални болници на 11 делумно функционални болници, една на север и 10 на југ, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за окупираните палестински територии, на брифинг на ОН преку видеолинк од Газа.

Тој нагласи дека не може да се дозволе да се изгубат уште здравствени установи и болници,

-Се надеваме, се молиме дека тоа нема да се случи, рече Пиперкорн. мс/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан