• петок, 20 декември 2024

БиХ побара меѓународна помош за справување со последиците од поплавите

БиХ побара меѓународна помош за справување со последиците од поплавите

Сараево, 5 октомври 2024 (МИА) - Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина побара меѓународна помош од Европската Унија за справување со последиците од поплавите.

„Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, денеска е испратено барање за меѓународна помош за санација на последиците од поплавите и свлечиштата што ги погодија неколку општини во БиХ“, соопшти Министерството за безбедност на БиХ.

Барањето е испратено по одлуката на Владата на Федерацијата БиХ, според која, поради обемот на поплавите, е потребна меѓународна помош и доставен е список на најнеопходната опрема и средства.

„Министерството за безбедност на БиХ е во постојан контакт со претставници на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ во Брисел, со цел подготвената помош која ќе биде испратена до БиХ да стигне што полесно и побрзо до жителите и општините на кои им е најпотребна во овој момент“, се наведува во соопштението. 

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, изјави дека Министерството ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и ќе ја координира доставата на помош во погодените подрачја. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан