• сабота, 23 ноември 2024

Дачиќ: Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ

Дачиќ: Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ

Белград, 6 октомври 2024 (МИА) - Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека по наредба на претседателот на државата, Александар Вучиќ, а согласно писмото на премиерот Милош Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи ќе испрати 36 припадници на Тимот за спасување од Секторот за вонредни ситуации со 12 возила за помош во поплавите во Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Белград.

По наредба на претседателот Вучиќ, а согласно писмото на премиерот Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи на барање на Босна и Херцеговина, како помош ќе испрати 36 членови на Тимот за спасување од Секторот за вонредни ситуации со 12 возила, се наведува во соопштението на МВР.

Понудена е и помош во инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери. Како што најавија од Сараево, спасувачите ќе бидат испратени во Јабланица.

Екипата на спасувачите за БиХ заминува утринава, се наведува во соопштението на МВР. об/

фото:МИА архива

Остани поврзан