• недела, 24 ноември 2024

СДСМ: По сите релевантни анкети, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ се намалува

СДСМ: По сите релевантни анкети, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ се намалува

Скопје, 28 мај 2023 

Лажни анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго освен лажна надеж за Мицкоски

По сите релевантни анкети како поминува времето рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ драстично се намалува, градоначалниците од оваа партија се најголемо разочарување, Мицкоски менува ставови секој ден а Левица го зема опозицискиот примат. 

Една таква анкета беше објавена пред неколку дена.

Оттука, јасно е дека на ВМРО-ДПМНЕ им е потребна нова лажна анкета за нова лажна надеж за Мицкоски.

Анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатата година. Ниту фактот дека Мицкоски нема став за ниту едно важно прашање.

Граѓаните знаат како се спроведуваат нарачаните анкети.

Исто како што знаат дека овој институт и во 2020 година предвидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи. Напротив. 

Медиумите објавија дека токму овој институт склучувал договори со државни институции во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, како Агенцијата за вработување, Министерството за здравство итн. 

Ниту една лажна анкета нема да му помогне на Мицкоски кој никако да одговори за што е: за ЕУ или за Левица?

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
 ________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан