Нови повисоки цени на такси превозот во Битола
- Советот на Општина Битола го прифати барањето на Здружението на лиценцирани такси превозници со кое се зголемуваат цените на услугите за такси превоз во овој град.
Битола, 26 декември 2024 (МИА) - Советот на Општина Битола го прифати барањето на Здружението на лиценцирани такси превозници со кое се зголемуваат цените на услугите за такси превоз во овој град.
Одлуката ќе стапи во сила со објавување во општинскиот Службен гласник, со што ќе се овозможи сите такси превозници на старт да наплаќаат по 60 денари, а потоа во прва тарифа ќе се наплаќаат по 35 денари од изминат километар. Во втора тарифа 40, а тарифата за трета ноќна смена, како и за такси услуга за време на празник и во недела ќе чини по 45 денари за изминат километар.
Здружението на лиценцирани такси превозници, првата тарифа и тарифата за трета смена, празник и недела ќе ги применува веднаш по стапување на одлуката во сила, додека тарифата за изминат километар по 40 денари времено нема да се користи, но доколку дојде до зголемување на трошоците поврзани со нивната дејност од над 10 насто, тогаш ќе биде ставена во функција. Со одлуката на битолските советници, таксистите за чекање на клиентот во траење од еден час ќе наплаќаат по 400 денари.
Со новите цени за такси превозот во Битола, најевтин за битолчани останува јавниот автобуски превоз, а цената на билетот е 30 денари за сите релации во градот. мт/цр
Фото: МИА