• петок, 27 декември 2024

Санкционирани 202 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

Санкционирани 202 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) – Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 202 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 22 до 28 јули со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 103 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 99 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, соопшти ЈП ПОЦ. дма/бак/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан