Богата претпразнична програма на „Новогодишен базар“ Крива Паланка
- Денешната дневна програма на „Новогодишен базар 2024“ во Крива Паланка понуди базар на ракотворби, детска претстава за најмладите и концерт на „Распеано симитче“ и го исполни со посетители плоштадот во „Градот на културата“. Зa базарот беа задолжени основните и средното училиште од градот, а бројните посетители на градот понесоа различни ракотворби и новогодишни украси.
Крива Паланка, 27 декември 2024 (МИА) – Денешната дневна програма на „Новогодишен базар 2024“ во Крива Паланка понуди базар на ракотворби, детска претстава за најмладите и концерт на „Распеано симитче“ и го исполни со посетители плоштадот во „Градот на културата“.
Зa базарот беа задолжени основните и средното училиште од градот, а бројните посетители на градот понесоа различни ракотворби и новогодишни украси.
Најмладите, пак, уживаа во претставата „Снежана и Дедо Мраз“ и настапот на солистите од најновото издание на Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“ и хорот „Симитчиња".
Синоќа програмата на „Новогодишен базар 2024“ беше отворена со настапот на „Некст Тајм“ на Градскиот плоштад, а вечерва настапува Влатко Лозаноски.
-Програмата нуди богати и разновидни содржини за сите генерации: македонска музика, пејачи и артисти. Граѓаните со задоволство уживаат во она што го организираме, што се покажа уште по првата вечер, синоќешниот настап на „Некст Тајм“, што беше масовно посетен, а Мартин и Стефан донесоа одлична атмосфера во студената декемвриска вечер, велат од Општината, посочувајќи дека во сите наредни денови има програма за сите генерации и љубители на добра македонска музика.
Утре на пладне настапуваат Биби и Боби во програмата за најмладите, потоа Слаткар, додека вечерта на Градскиот плоштад настапува Калиопи.
Во недела на дневната програма се: „Bada boom“ и Панто Мето, Dj Bono и Cара Mејс со The girlzz. Викендот го затвора спектакуларниот концерт на НУ Камерен оркестар на Битола со Ристо Самарџиев и Наде Талеска, в понеделник во 19 часот ќе настапи Мики Секуловски и во вторник, во пресрет на новгодишната прослава, денот е резервиран за уживање на најмладите со: Панто Мето и Ѓурчиновски, потоа следува „Пауза за ракија“, а во 13 часот е најавено пристигнување на Дедо Мраз.
Од Општината ги повикаа сите граѓани да одберат настан и настап од богатата програма и да уживаат во „Новогодишен базар 2024". ид/мд/