Црвен крст Берово со 64 крвни единици ја заврши последната крводарителска акција за 2024 година
- Општинската организација на Црвен крст Берово ја спроведе последната крводарителска акција за 2024 година. Упатувајки благодарност до сите хумани луѓе кои дарувааа крв, информираат дека во текот на последната акција се собрани вкупно 64 крвни единици.
Берово, 27 декември 2024 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Берово ја спроведе последната крводарителска акција за 2024 година. Упатувајки благодарност до сите хумани луѓе кои дарувааа крв, информираат дека во текот на последната акција се собрани вкупно 64 крвни единици.
- Ја реализиравме предновогодишната крводарителска акција, на која беа собрани 64 единици крв. Оваа бројка е доказ за хуманоста и солидарноста на нашите сограѓани кои секогаш се подготвени да помогнат и да даруваат надеж и живот. Од длабочината на срцето, сакаме да упатиме огромна благодарност до сите крводарители, кои со својата несебичност и добрина го прават овој свет подобро место, истакнаа од Црвен крст Берово.
Хуманоста на граѓаните како што додадоа значи многу, особено во овие празнични денови, кога грижата за другите има посебна тежина.
-Вие сте вистински херои и пример за тоа како секој од нас може да направи промена. Вашата хуманост значи многу, особено во овие празнични денови, кога грижата за другите има посебна тежина. Нека оваа акција биде инспирација за сите нас и потсетник дека со мали дела можеме да постигнеме големи промени, додадоа од Црвен Крст Берово.
На сите крводарители им ги честитаа празниците и ги повикаа и во новата 2025 година да продолжат со спасувањето човечките животи преку донирањето крв. вс/аа/
Фото: МИА архива