• сабота, 28 декември 2024

МЖСПП: Проектот за регулација на речното корито на Сува Река не е откажан, туку е во постапка

МЖСПП: Проектот за регулација на речното корито на Сува Река не е откажан, туку е во постапка

Скопје, 27 декември 2024 (МИА) - За реализацијата на проектот „Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај“ во моментов се чека согласност од Владата по доставена Информација за измена на динамика и вредност на проектот на повеќегодишна јавна набавка за финансирање, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

За реализација на овој проект  МЖСПП во текот на 2023 година спроведе постапка за јавна набавка, но постапката беше неуспешна поради неприфатливи понуди.

- Со оглед на тоа дека предмер пресметката е стара повеќе од 12 месеци, Министерството побара од проектантот ревидирање на предмер пресметката. Согласно ревидираната предмер пресметка финансиските средства што треба да се обезбедат во рамките на буџетот на Министерството за проектот – Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај изнесува 392.824.000,00 денари и ја надмина веќе предходно одобрената вредност, се вели во соопштението.

Министерството затоа поднело барање до Министерство за финансии за измена на согласноста за повеќегодишна јавна набавка за Финансирање на активности за реализација на Проектот „Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај“ за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства со нова динамика на реализација и тоа за тековната и наредните три години.

Договорот за надзор е веќе склучен, а  во Буџетот на МЖСПП за 2024 година за реализација на  овој повеќегодишен проект се обезбедени средства во износ од 1.000.000 денари. мд/аа/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан