• сабота, 23 ноември 2024

САД предложи воведување глобален минимален данок на профит од најмалку 15 отсто

САД предложи воведување глобален минимален данок на профит од најмалку 15 отсто

Вашингтон, 21 мај 2021 (МИА) - Министерството за финансии на САД предложи воведување глобален минимален данок на профит од најмалку 15 проценти, со што се намалува прагот од првичниот предлог.

Предлогот беше даден на состанокот на управувачката група на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за ерозија на даночната основа и пренасочување на профитот, соопшти Министерството.

Групата сака да постигне договор ова лето за промена на правилата за оданочување на мултинационалните корпорации и големите технолошки компании како што се „Алфабет„ и „Фејсбук“.

„Министерството за финансии и предложи на управувачката група минималната глобална даночна стапка да биде најмалку 15 проценти“, се вели во соопштението.

Министерството истакна дека „15 проценти се најниско ниво и дека дискусиите треба да продолжат да бидат амбициозни и да ги подигнуваат“.

Во април, американската министерка за финансии Џенет Јелен предложи минимум 21 процент, како дел од предлогот за инвестиции во инфраструктурата на американскиот претседател Џо Бајден во износ од 2.200 милијарди долари, што во голема мерка ќе се финансира со зголемување на данокот на доход на 28 проценти. паг/

Остани поврзан