Русија го обвини Меѓународниот олимписки комитет за расизам и неонацизам
- Русија денеска го обвини Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за „расизам и неонацизам“, откако Комитетот вчера објави нови ограничувања за руските спортисти кои ќе се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз оваа година
Москва, 20 март 2024 (МИА) – Русија денеска го обвини Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за „расизам и неонацизам“, откако Комитетот вчера објави нови ограничувања за руските спортисти кои ќе се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз оваа година.
МОК вчера ја обвини Русија дека го политизира спортот со планираните Игри на пријателство во Москва, кои се замислени како ривалски настан на Олимпијадата.
Покрај тоа, МОК вчера соопшти дека руските и белоруските спортисти кои ќе учествуваат на Олимписките игри нема да смеат да маршираат на свеченото отворање на Олимпијадата на 26 јули.
- Овие одлуки покажуваат до кој степен ИОК е оддалечен од принципите, за кои тврди дека се придржува и како тоне во расизам и неонацизам, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Кремљ денеска го обвини МОК дека се обидува да ги заплаши спортистите кои сакаат да учествуваат на Игрите на пријателство, бидејќи висок претставник на ИОК изјави дека не ја исклучува можноста за санкции против тие спортисти. ми/