• сабота, 23 ноември 2024

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ

Скопје, 14 септември 2024

СДС повторно го има лапнато апчето за заборавање на сопственото минато со кое самите себе си се обидуваат да заборават кои биле, што правеле и се замислуваат дека се нешто кое не се. За нивна жал тоа апче ако делува кај малкумината од нивното раководство, сепак не делува кај никој друг и затоа овие прес-конференции кои ги смислуваат во недостаток на компас и колку нешто да се каже демек жива е партијата, делуваат тотално одлепено. СДС е на ЛСД. Накусо можеме да кажеме и додека трипува така, ние би ги потсетиле што тие направија заедно со нивните другарчиња Бујар и Артан од националните интереси на државата.

Со Преспанскиот договор го срозија македонскиот идентитет, а со Договорот за добрососедство со Бугарија самите ја доведоа државата во подредена состојба што е рамно ма велепредавство, дозволувајќи и согласувајќи се дека мора да го промениме повторно, односно да го преформулираме сопствениот идентитет и сите негови одредници. СДС беше срам за државата и со своите меѓународни гафови и недостоинствено претставување ја доведе државата на ниво на кое и се смееја каде ќе стигнат и кој ќе стигне.

Поданичкиот однос со распродавањето на државните интереси за СДС беше рака под рака со корупцијата која мислеа дека странците ќе им ја толерираат и ќе ги држат на власт се додека тие се продаваат како да се на улицата на црвените фенери во Амстердам.

Сепак народот е свесен и знае и ние ќе се бориме за нашите интереси заедно со народот и убедени сме Македонија ќе победи, Македонија ќе успее!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан