• вторник, 24 декември 2024

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Најниска температура од минус осум степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 5 степени целзиусови во Крушево.

УХМР информира дека -5 степени целзиусови се измерени во Битола, -4 Струмица, -3 Демир Капија, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Велес, Тетово, Прилеп, -1 Гевгелија, Кавадарци, 0 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Маврови Анови, 1 Претор, и 2 степени во Охрид, Виница, Попова Шапка. 

Во текот на ноќта времето било претежно ведро, тивко и студено. Утрово е сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. По одделни котлини има појава на слаба магла.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 15 до 21 степен. сст/

фото МИА архива

 

Остани поврзан