Премиерот Мицкоски ќе изврши увид на градежните активности на три патни правци во Општина Велес
- Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности на трите патни правци, од мостот Башино село до Вулканизер Дине, од Вулканизер Дине до Речани, и од мостот Гемиџии до Лукоил во Општина Велес.
Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности на трите патни правци, од мостот Башино село до Вулканизер Дине, од Вулканизер Дине до Речани, и од мостот Гемиџии до Лукоил во Општина Велес, соопшти владината прес-служба.
Градежните зафати ги изведува Македонија пат – Подружница Велес, а вкупната инвестиција е 44 милиони денари.
Потоа, Мицкоски ќе изврши увид на спортската сала и спортските терени во ООУ Васил Главинов.
Спортската сала заедно со соблекувалните и тоалетите се реконструираше со финансиски средства од Министерството за образование и наука и вкупната инвестиција е во износ од 10 милиони денари.
Надворешните спортски терени опфатија целосна реконструкција на фудбалското игралиште, второто фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со најсовремена подлога одобрена од FIBA, како и изведба на нова фитнес зона во рамки на овој комплекс. Вкупната инвестиција е 7 милиони денари.са/сст/
Фото: МИА архива