Реакција на СДСМ на прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ
- ВМРО-ДПМНЕ функционира во нелегално стекнат имот, се што има нека достави до надлежните институции ВМРО-ДПМНЕ е партија симбол на криминал и незаконски стекнат имот. Белиот дворец од каде В
Скопје, 25 октомври 2022
ВМРО-ДПМНЕ функционира во нелегално стекнат имот, се што има нека достави до надлежните институции
ВМРО-ДПМНЕ е партија симбол на криминал и незаконски стекнат имот.
Белиот дворец од каде ВМРО-ДПМНЕ држи прес-конференции е нелегално стекнат имот потврден со судска пресуда во предметот Талир 2.
Како не им е срам да држат прес-конференции во криминално стекнат имот кој е пред конфискација? Барем да излезеа од него ако имаа малку доблест.
Нема поголема, подрска и покриминална,на шема отколку онаа за стекнување на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако го веќе сака да зборува за нелегално стекнат имот, ВМРО-ДПМНЕ нека си погледне прво во сопствените редови.
Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта?
На кој начин Сашо Мијалков го стекнал луксузниот имот кој го нудеше како гаранции при судските процеси?
Се што ВМРО-ДПМНЕ има како информација за анкетните листови нека ги достави до Државната комисија за спречување корупција, наместо заради безидејност да ја замајува јавноста.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
_______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.