• четврток, 26 декември 2024

Меџити: Интензивно работиме на решавањето на проблемот со загадувањето

Меџити: Интензивно работиме на решавањето на проблемот со загадувањето

Скопје, 6 октомври 2024 (МИА) - Во приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање е токму загадувањето и работиме со нашите партнери, кои даваат грантови, помош, искуства и знаења. Работиме интензивно на тоа. Мислам дека со проширувањето на централното греење и да се развие на ниво на градот и урбаните средини, и во иднина со гасификација на државата и со мерките што ги преземаме, полека но сигирно ќе го решиме тој проблем, соопшти денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Додаде дека за проблемот со загадувањето не постои една мерка и тоа да се решава.

Меџити на денешната прес-конференцијата по повод 100 дена нова Влада информираше за досега реализираните проекти. 

-Владата донесе одлука за одвојување на 35 милиони евра за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“. Ова е прво толку големо и значајно одвојување средства за обезбедување квалитетно високо образование на албански јазик во Северна Македонија. Само на овој начин ќе успеемее да го заштитиме и да го надградиме албанскиот јазик и неговата употреба, рече Меџити. 

Во приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање е токму загадувањето и работиме со нашите партнери, кои даваат грантови, помош, искуства и знаења. Работиме интензив

Потенцира дека ја почнале битката со коцкањето. - Минатите години ова стана рак на општеството. Илјадници наши сограѓани претрпеа штети, финансиски, семејни, морални и економски. Илјадници наши луѓе избегаа во странство. Минатата Влада го донесе коцкањето во секоја улица, во секое маало, пред секое училиште и секое игралиште. На крај сакаа да го донесат на телефоните и компјутерите на нашите деца. Тоа го запревме, потенцира Мецити.

Меџити информира дека се одземени незаконски лиценци на три компании за интернет коцкање. - Срушивме од интернет сајтовите, кои легално или нелегално приредуваа коцкање. Исполнивме ветување кое никој не мислеше дека ќе го исполниме, подвлече Меџити. 

Тој информира дека Владата обезбеди 100 милиони евра за проектите за општините низ државата. - Ќе решаваме проблеми кои се напластени и кои директно ги бараат граѓаните. До нас се стигнати добри проекти од сите општини, а одлуката за распределување средства ќе боде донесена оваа недела, појасни Меџити. Нагласи дека нема да има никаква дискриминација, ниту по партиска, политичка или етничка припадност, а секој граѓанин ќе може да добие бенефит без разлика во која општина живее. 

Како еден од значајните проекти на Владата во првите 100 дена, како што рече, пред одобрение имаме одлука за едношалтерски систем на граничните премини Блаце, Ќафасан, Јажинце и Табановце.

- Со оваа одлука овозможуваме побрзо одвивање на сообраќајот и трговијата на граѓаните на граничните премини кои се од исклучително значење за нашите граѓани, но и за нашите сонаридници кои доаѓаат за работа, трговија, здравствени потреби или посета на своите фамилии, рече Меџити, додавајќи дека работеле чесно и посветено. мд/дма/

Фото: Принтскрин 

Видео: Влада 

 

 

Остани поврзан