• недела, 01 септември 2024

Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај

Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај

Москва, 14 мај 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг на 16 и 17 мај, соопшти денеска Кремљ.

Тоа ќе биде прва посета на Путин на една земја откако на 7 мај положи заклетва и го започна својот петти мандат. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан