• среда, 25 декември 2024

Руско МО: Ноќеска соборени 158 украински дронови над руска територија

Руско МО:  Ноќеска соборени 158 украински дронови над руска територија

Москва, 1 септември 2024 (МИА) - Руската противвоздушна одбрана ноќеска собори 158 украински беспилотни летала во 15 руски региони, вклучително и два над Москва, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Министерството преку Телеграм објави дека најголем број беспилотни летала, 122, биле соборени над регионите Курск, Брјанск, Воронеж и Белгород, кои граничат со Украина.

-Нашите бранители го одбија обидот за масовен напад со беспилотни летала врз територијата на регионот Брјанск, изјави гувернерот, Александар Богомаз.

Според извештаите, погодена е централа на јаглен лоцирана во близина на градот, како и рафинерија за нафта која се наоѓа во самиот град.

Баражот со беспилотни летала дојде неколку дена откако Русија ја нападна енергетската инфраструктура на Украина со повеќе од 200 беспилотни летала и проектили во еден од најголемите напади од ваков вид од почетокот на војната.

Исто така, доаѓа речиси еден месец откако Украина тргна во офанзива во рускиот регион Курск, додека руските трупи продолжуваат со постепеното напредување во источна Украина.

Локален функционер од регионот на Москва изјави дека три беспилотни летала се обиделе да ја нападнат електраната на јаглен Кашира. Тој рече дека нема жртви и штети и дека струјата се уште се доставува до корисниците.

Руските новински агенции јавија и дека избувнал пожар во нафтената рафинерија Капотња, а градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека нема повредени или жртви. сд/

Остани поврзан