• сабота, 09 ноември 2024

Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%

Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Во август 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,44% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,05 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен и годишен раст од 0,03 п.п. и 0,41 п.п., соодветно и изнесува 1,96%, соопшти Народна банка.

Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август е остварен месечен и годишен пад од 0,08 п.п. и 0,49 п.п., соодветно и изнесува 5,04%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, во август, е намалена за
0,33 п.п. на месечна основа и изнесува 2,43%, при годишен раст од 0,26 п.п. 

Во август, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,20%. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки
на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи
намалување за 0,16 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,90% и забележа месечен пад од 0,06 п.п. Анализирано по валута, падот е резултат на намалените каматни стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,23 п.п. и 0,12 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула бележат раст (за 0,79 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,83 п.п. 

Во август, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,08 п.п. и изнесува 2,20%. Промената произлегува од намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на
каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,10 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Во споредба со истиот месец од претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,12 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор, овој месец, е намалена за 1,04 п.п. на месечна основа и изнесува 1,99%. Надолната промена е резултат на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 1,13 п.п. и 0,44 п.п., соодветно). Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,18 п.п. на годишна основа.

Во август, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66% и забележа месечен пад од 0,01 п.п. Притоа, падот во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута. Оваа каматна стапка е зголемена за 0,05 п.п. на годишна основа. 

Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во август, е забележан месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 5,28%. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е
зголемена за 0,04 п.п. 

Во август, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,93% и на месечно ниво е зголемена за 0,04 п.п. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,05 п.п., соодветно) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.). На годишно ниво, оваа каматна стапка бележи раст за 0,43 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, овој месец, е повисока за 0,08 п.п. и изнесува 2,76%. Месечниот раст се должи на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки
на депозитите во странска валута (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), во услови кога кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка на
новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,44 п.п.са/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан