• среда, 13 ноември 2024

Прилепски ,,Комуналец’’ започна со чистење на дивите депонии

Прилепски ,,Комуналец’’ започна со чистење на дивите депонии

Прилеп, 9 февруари 2024 (МИА) - Годинава од ЈП „Комуналец“ мапирале над 10 поголеми диви депонии и околу 20 помали. Иако поголемиот дел од дивите депонии беа исчистени во втората половина од 2023 година, тие повторно се затрупани со купишта отпад.

Од  ЈП „Комуналец“ информираат дека денеска се исчистени дивите депонии кај касарната ,,Мирче Ацев““, а се продолжи со чистење по колскиот пат кој води до атрактивната карпа Баба. По овој колски пат состојбата со отпадот исфрлен во природа е алармантна. Само на оваа локација се проценува дека има над 2000 метри кубни отпад.

-И покрај тоа што комуналниот отпад редовно се собира од домаќинствата, додека за габаритниот и зелениот отпад е организирана бесплатна линија секој четврток, лошите навики на несовесни граѓани никако да престанат, информираат од прилепското јавно-комунално претпријатие „Комуналец“.

Прилепски ,,Комуналец’’ за градежниот шут обезбедува бесплатен влез на депонијата во Алинци доколку се транспортира со сопствен превоз, или, изнајмување контејнер од 5м3 по цена од 1390 денари, како и транспорт со трактор по симболична цена од 630,оо денари. ем/дма/

 

Фото: ЈКП „комуналец“-Прилеп

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан