• среда, 25 декември 2024

Во Битола координација на претставниците на општинската Зимска служба

Во Битола координација на претставниците на општинската Зимска служба

Битола, 12 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска одржа работна средба со претставници на општинската Зимска служба, со цел координирање на активностите за навремено организирање на зимската служба на подрачјето на Општина Битола во претстојната сезона.

Од Општина Битола информираа дека на работниот состанок учествувале сите релевантни претставници на општинските јавни претпријатија, Македонија пат, Стрежево, СВР Битола, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

-Голема е важноста од непречено и ефикасно спроведување на предвидените активности преку целосно навремено организирање и функционирање на зимската служба. Сите претставници на Службата треба да превземат мерки и активности за превентивно делување и за да се овозможи непречена работа на зимската служба на подрачјето на Општина Битола, истакнал Коњановски.

Програмата за зимска служба на подрачјето на Општина Битола за престојната сезона е донесена од Советот на Општина Битола. мт/цр

Фото: Општина Битола

Остани поврзан