• сабота, 09 ноември 2024

Приведени седум турски државјани кои незаконски работеле во државата

Приведени седум турски државјани кои незаконски работеле во државата

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - МВР информира дека денеска, по претходно добиени оперативни информации, полициски службеници од Отсекот за странци при Регионалниот центар за гранични работи Север во соработка со трудов инспекторат извршиле контрола во правно лице во Скопје при што затекнале седум турски државјани кои незаконски работеле во државата.

Лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и во текот на денот до Основниот суд Скопје 1 против нив ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок по Закон за странци. мч/сст/

фото: МИА архива

Остани поврзан