• сабота, 09 ноември 2024

Приведени две лица од Скопје барани со потерници

Приведени две лица од Скопје барани со потерници

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - СВР Скопје денеска го лишила од слобода Ќ.М. (34) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од шест години за сторено кривично дело по чл.418-в ст.1 и чл.418-б ст.4 во врска со ст.2 и чл.45 од КЗ.

Како што соопшти МВР, СВР Скопје денеска го лишила од слобода и М.А. (56) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по чл.396 ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од КЗ.

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено-поправни установи. мд/сст/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан