• среда, 13 ноември 2024

Предупредување за невреме со силен ветер во Брисел 

Предупредување за невреме со силен ветер во Брисел 

Брисел, 22 февруари 2024 (МИА) – Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) попладнево упати предупредување за невреме во реонот на Брисел со налети на ветер со брзина од над 100 километри на час. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во предупредувањето се нагласува дека постои „безбедносен ризик“ од скршени гранки и откорнати дрвја. 

Поради очекуваниот силен ветер, како што наведува ИРМ, од 17 часот затворени за сообраќај ќе бидат патните правци низ и околу шумата Соање во југоисточниот дел на Брисел. Дополнително, за посетители ќе бидат затворени и парковите во градот. 

Во соопштението се посочува дека патиштата и парковите ќе останат затворени со следното известување. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан