• среда, 18 декември 2024

Прво засилување за Јунајтед под Аморим: Тинејџер ги одби Арсенал и Челси за да загира на „Олд Трафорд“

Прво засилување за Јунајтед под Аморим: Тинејџер ги одби Арсенал и Челси за да загира на „Олд Трафорд“

Манчестер, 11 декември 2024 (МИА) - Ќе треба малку време Рубен Аморим да изгради тим по негов вкус во Манчестер Јунајтед, а сега пристигнуваат и првите засилувања - повеќе за иднината отколку сегашноста.

Станува збор за 16-годишниот Емануел Зиро, кој пристигнува од „Криејтив фудбал академи“ од Лондон.

За талентираниот тинејџер беа заинтересирани и Арсенал и Челси, но Зиро - навивач на Јунајтед, според негови зборови - се одлучи за „ѓаволите“.

-Пред се, благодарност до моето семејство за нивната љубов, поддршка и охрабрување во текот на сите овие години. Од кога се сеќавам, имав топка пред моите нозе и уживав во фудбалот. Сега ми се дава шанса да продолжам во најголемиот клуб на светот, клубот за кој навивам, изјави Зиро.

Во четврток од 18:45 часот Јунајтед гостува кај Викторија Плзен во Лига Европа, а викендов ќе има градско дерби со Сити. дс

Фото: Инстаграм

Остани поврзан