• среда, 18 декември 2024

Мбапе ќе игра во финалето на Интерконтиненталниот куп

Мбапе ќе игра во финалето на Интерконтиненталниот куп

Мадрид, 17 декември 2024 (МИА) - Менаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Килијан Мбапе се опорави од повредата што ја заработи на минатонеделниот натпревар против Аталанта.

Стручњакот ќе може да се потпре на француската ѕвезда за утрешното финале на Интерконтиненталниот куп против мексиканска Пачука.

-Вчера добро тренираше, правеше спринтови и се беше добро. Денеска е важен тренинг. Ако се е во ред, тој ќе игра. Ако има и минимален ризик, тој нема да игра. Килијан е фантастичен играч. Мислам дека не го достигнал најдоброто ниво. Тој се подобри во последните натпревари, но се уште не е на врвот на својата форма. Со своите квалитети може да игра на која било позиција, соопшти Анчелоти.

Италијанецот утре може да го престигне Мигел Муњоз и да стане тренер со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан